Кике Сетиен не
смета многу на Антоан Гризман на клучните средби на Барселона по ре-стартот на сезоната.
Летното
засилување вредно 120 милиони евра одигра по десетина минути против Севиља и
Селта, но она што му се случи во вторникот ја прели чашата.
Французинот
против Атлетико Мадрид во игра влезе дури во 90. минута, па имаше жестоки реакции
од неговиот брат и татко на социјалните мрежи.
Според пишувањата
на „Ле Паризиен“, сестрата на напаѓачот, која воедно е и негов агент, следната
недела ќе има состанок со раководството на Барселона за да се анализира
ситуацијата.
Планот на Антоан
Гризман е да продолжи на Камп Ноу, и не сака да биде понуден во некоја трампа.
Пред неколку дена
тој бил известен од Кике Сетиен дека ќе има помала минутажа во следниот период, но не очекувал
дека ќе биде понижен на начинот на кој беше понижен против Атлетико, кога го
одигра само судиското надополнување од четири минути.