Како реагираше Ибрахимовиќ на мајсторијата на Флокари и лобот од 30 метри (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан се сопна на
гостувањето кај СПАЛ, одигра само 2-2 а покрај киксот на „росонерите“ ќе се
зборува и за потегот на Серџо Флокари. 38 годишниот напаѓач без многу
размислување со полуволеј од 30 метри го лобуваше Џиџо Донарумa и веројатно го
постигна голот на кариерата.

На мајсторијата
на голгетерот на СПАЛ рамнодушен не остана ниту Златан Ибрахимовиќ, кој беше на
клупата за резерви. Швеѓанецот, кој има постигнато многу атрактивни погодоци во
својата кариера, само вртеше со својата глава како да не може да поверува што гледа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×