По две импресивни
победи, избраниците на Пиоли се сопнаа кога најмалку се очекуваше. Вечерва на
гостувањето кај претпоследнопласираниот СПАЛ, Милан беше на чекор до срамен пораз.
Иако имаа играч помалку цело второ полувреме, домаќините храбро се бореа и
останаа без изненадување откако во 94. минута си постигнаа ефектен автогол.
СПАЛ поведе во
13. минута, по еден корнер настана мешаница во која Валоти се снајде најдобро и
ја затресе мрежата на „росонерите“.
По половина час
игра, Серџо Флокари постигна прекрасен гол и од 30 метри со полуволеј го лобуваше
Џиџо Донарума.
Во последните
мигови од првиот дел, Д’Алесандро му влезе опасно на Тео Ернандез, па доби
црвен картон. Но Милан се мачеше и со играч повеќе на теренот, и го скрши
отпорот на противникот дури во 79. минута. Една топка случајно стигна до Рафаел
Леао а Португалецот биеше прецизно по земја за 2-1.
Гостите потоа
притиснаа силно и во 94. минута стигнаа до 2-2 откако Викари реагираше
неспретно и ефектно си ја затресе сопствената мрежа.
Доста погодоци и возбуда
имаше и на другите мечеви од 21:45 часот. Сасуоло со 1-3 славеше против
Фиорентина, Сампдорија забележа значајна победа од 1-2 над Лече, а Верона пред
своите фанови со 3-2 ја совлада Парма.