Дали од Кина стигна потврда за второто големо засилување за Конте ова лето?!

by
1 минути читање

21 годишниот
Ашраф Хакими синоќа пристигна во Милано, ги помина лекарските прегледи и стави
потпис на петгодишен договор. Сега останува уште трансферот официјално да биде
потврден и Мароканецот за 40+5 милиони евра да стане првото засилување за
Антонио Конте ова лето.

Во пресрет на
дуелот помеѓу Интер и Бреша од Кина стигнаа сигнали за нов голем трансфер. Како најава за случувањата
на Џузепе Меаца, стриминг сервисот ППТВ, кој е во сопственост на Сунинг, го
претстави играчот на Бреша во дрес на Интер.

Сандро Тонали всушност
е асот кој излегува од шпилот карти коиј го држи Антонио Конте во десната рака.

Директорот Бепе
Марота сепак вели дека нема ништо, но не крие дека Сандо Тонали е на неговиот
список.

„Не се работи за
некакво навестување. Точно е дека ми се допаѓа Тонали, но тој исто така е во
бележникот на многу фудбалски работници. Не сме отвориле преговори со Бреша и
покрај тоа што имаме одличен однос со Челино (првиот човек на клубот)“
– вели Марота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×