Со месеци низ
медиумите кружи информација дка третиот најбогат човек во светот сака да го
купи Милан, се работи за францускиот милијардер Бернард Арно.
Според денешното
издание на Република, наскоро ќе има важен состанок, Бернард Арно ќе се сретне со првот човек на канцеларијата на фондот Елиот во Лондон, Гордон Сингер.
Весникот шпекулира за зделка која ќе вреди речиси ЕДНА милјарда евра.
Бернард Арно, кој
е сопственик на Луј Витон и уште неколку брендови, сака да ја искористи
популарноста на фудбалот и реномето на Милан за на голема врата да се престави во
Милано, градот на модата и луксузот.
Исто така,
изградбата на нов стадион му дава повеќе адути на Бернард Арно да се промовира и
да го зголеми своето влијание во модниот свет.
Доколку Бернард Арно
го купи Милан, новиот проект ќе започне со Ариедо Браида како спортски директор
и враќање на Макс Алегри на тренерското солче.
Останува да се
види дали има вистина во ваквите написи, со оглед на тоа дека слични стории се
појавуваат уште од крајот на 2019 но до сега нема никаков абер. И не само тоа,
фондот Елиот практично го има договорено Ралф Рангник за следната сезона,
Германецот на Сан Сиро ќе има улога како никој друг до сега и ќе извршува две
функции: тренер и спортски директор.