Хендерсон: Никој не може да го замени Џерард во Ливерпул

by
1 минути читање

Многумина се
сомневаа во Џордан Хендерсон кога некои во него гледаа новиот Џерард, барем
така беше и споредуван на моменти, тој често беше на мета на критики, имаше и
проблеми со повредите, но со текот на годините стана предводник на „Редсите“.

Капитентската
лента Хендерсон ја зачини и со прва шампионска титула во Премиерлигата за
Ливерпул по пауза од цели 30 години, но, и покрај тоа, тој е скромен во
изјавите, наведувајќи дека никој не може да го замени легендарниот Стивен
Џерард.

И претходно кога
ја за прв пат ја имав на себе капитентската лента, кога некои луѓе можеби се
сомневаа во мене, а воедно ме критикуваа како особа, дека никој не може да го
замени Стивен Џерард во овој клуб, без разлика кој е капитен, или што ќе освои
тимот
“ издвои капитенот на Ливерпул.

Не ми паѓаше на
памет дека би го заменил, дури и во моментите кога ја презедов капитентската
улога, во умот имав една цел – да го дадам најдоброто од себе за клубот,
секогаш ја имав таа цел во себе
“ додаде Хендерсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×