Манчестер Сити својата европска судбина ќе ја дознае за две седмици

by
1 минути читање

„Спортсмејл“
објави дека Манчестер Сити својата европска судбина ќе ја дознае на 13. јули,
откако најпрво се здоби со двегодишна суспензија од настапи во европските
натпреварувања, по што следеше и жалба од клубот.

Ланскиот
освојувач на шампионската титула во Премиерлигата доби суспензија поради тоа
што го прекрши финансискиот фер плеј, одлуката падна уште во февруари, меѓутоа
од клубот од „Итихад“ подготвија жалба на истата, по следеше три дневно
сослушување во Швајцарија преку видео конференција претходниот месец.

Како за
потсетување, дополнително на „Граѓаните“ им беше врачена и казна од 30 милиони
евра, а од арбитражниот спортски суд најавија дека конечната одлука околу овој
случај ќе падне во првата половина од месецов, како и да е, „Спортсмејл“ наведе
дека на Манчестер Сити му било укажано дека 13. јули е денот кога ќе биде и
официјално подготвена конечната одлука за овој случај.

Од УЕФА наводно
не сакаат конечната одлука да се совпадне во тајмингот на ждрепката за
четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите, а јасно е дека во случај
да има и дефинитивна суспензија, тоа ќе биде голем проблем за Манчестер Сити.

Две години без
настап во европските натпреварувања, речиси сигурно ќе придонесе за заминување
на повеќето ѕвезди на „Граѓаните“, а од друга страна пак, јасно е дека постои
голем интерес од Премиерлигашите за овој случај, особено оние кои имаат можност
да дојдат до петтото место на табелата, кое во случај на суспензија за
Манчестер Сити би донело место во Лигата на шампионите за идната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×