Си замина од Евертон по цели 11 години, а Анчелоти нема поим за него (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И повеќе од
веројатно е дека Лук Самуел Гарбут е еден сосема анонимен фудбалер за
пошироката јавност, па дури и за самиот шеф на стручниот штаб на „Карамелите“,
Карло Анчелоти.

По цели 11
години, 27 годишниот дефанзивец е ослободен од обврските кон клубот од „Гудисон
Парк“, всушност, за Евертон тој запиша само пет настапи, а дури девет години
беше на позајмица во повеќе клубови на Островот.

За време на една пресконференција,
Анчелоти беше запрашан токму за Гарбут, од Италијанецот беше побарано
образложение зошто го ослободил дефанзивецот, но, од неговата реакција и повеќе
од јасно е дека тој нема поим за кого станува збор.

Интересно е тоа
што на сево ова и самиот Гарбут се насмеа на социјалните мрежи објавувајќи го
ова видео.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×