Невил му честита на Клоп: Играчи од 30 милиони ги направи да вредат 130 милиони, а другите клубови…

by
1 минути читање

Минатата недела,
„црвените“ го прекинаа постот долг 30 години и станаа нови шампиони на Англија.
Голема заслува за ова има Јирген Клоп, Германецот за четири години скоцка тим
по свој мерак кој сега доминира во Премиерлигата.

Гери Невил вели дека
не очекувал ваков расплет на настаните, сметал дека е практично невозможно Јирген
Клоп на Ливерпул да му ја донесе титулата од Премиерлигата со оглд на тоа колку
пари трошат Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Чекси на засилувања.

Па легендата на „ѓаволите“
му честита на стратегот за одлично завршената работа.

„Ова е извонредно
постигнување. Јирген Клоп е фантастичен, каква само работа заврши. Кога пред четири
години седна на кормилото на Ливерпул, мислев дека е практично невозможно да
донесе титула поради парите кои ги трошат Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и
Челси“
– вели Невил.

„Но тој играчите
од 30 милиони ги направи да вредат 130 милиони фунти. Фудбалерите од 75 милиони
фунти ги претвори во фудбалери од 150 милиони фунти“.

„А клубовите кои
ги споменав предмалку инвестираа по 130 милиони фунти во играчи, и направија
сега да вредат 30 милиони фунти!“

„Брилијантни
потези на трансфер пазарот“.

Невил, кој од дете
навива за Манчестер јунајтед, признава дека не му се допаднало тоа што морал да
гледа како Ливерпул слави.

„Успехот е
огромен, и морам да признам, тоа не ми се допаѓа. Не сакам повторно да видам
таков ден. Но мора да им се честита, перформансите беа брилијантни“.

Откако седна на
кормилото на Енфилд, Јирген Клоп потроши речиси 402 милиони фунти на
засилувања, но во исто време во клупската каса донесе околу 327 милиони фунти,
па успехот чини само 75 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×