Сетиен: Нема да му се извинам на Гризман

by
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен се чини дека само си ги наталожува проблемите и си ја комплицира ситуацијата. Игрите и резултатите не се како што посакуваат фановите, а тој наместо да ги решава проблемите си создава нови.

На вчерашниот меч против Атлетико Мадрид кој заврши 2-2, реши Гризман да го внесе во игра дури во 90. минута од натпреварот, што според многумина е потценувачки за така важен играч. Но Сетиен нема намера да му се извинува на Французинот.

„Не го внесов порано затоа што оние кои беа на теренот играа добро. Не се согласувам дека е понижувачки тоа што го направив. Знам дека е тешко за фудбалер како него кога ќе добие толку малку минути. Ќе зборувам со него, но нема да му се извинам. Разбирам ако се почувствувал лошо“, вели Сетиен.

Веднаш по натпреварот на социјалните мрежи се јави и братот на Гризман кој се чудеше на одлуката на Сетиен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×