Беневенто не се шегува, преодниот рок ќе го почне со три сериозни засилувања!

by
1 минути читање

Момците предводени од Филипо Инѕаги со водство од 24 бода пред вториот на табелата, синоќа и официјално го обезбедија местото во Серија А.

Клубот има сериозни амбиции, па се очекува за кратко време да потпише со тројца искусни играчи.

Прв кој ќе го стави потписот е напаѓачот Лоик Реми кој веќе во Беневенто, денеска треба да ги помине медицинските тестови и да го официјализира трансферот. Тој пристигнува од Лил како слободен играч.

Според трансфер експертот Џанлука Ди Марцио, Беневенто е во напредни преговори со дефанзивецот на Монако, Глик кој претходно играше и за Торино, Палермо и Бари.

Третото засилување треба да биде Шурле кој е играч на Борусија Дортмунд но во моментов игра на позајмица во Спартак Москва.

Пипо Инѕаги е свесен дека искуството е исклучително значајно, па затоа најпрво посегнува по овие тројца фудбалери кои во своите кариери имаат одиграно многу големи натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×