201
Еден позитивен
случај на коронавирус во Премиерлигата во најновата рунда тестирање, поточно
најновата беше вкупно 11-та досега, а во последното тестирање беа вклучени
2,250 тестови.
Според претходно
објавениот прокотол кој засега строго се почитува и од самите клубови, особата
која излезе позитивна на тестирањето не е именувана, истата ќе биде во
самоизолација седум денови.
Досега запишани
се вкупно 19 позитивни случаи од 11-те рунди тестирања за коронавирус во
Премиерлигата, која се врати на програмата на 17. јуни по пауза од 100 денови
поради пандемијата со Ковид-19, а засега планот се одвива според посакуваната
програма.