Таткото го избркаа, но син му не го даваат, Тотнем потпиша нов договор со Покетино помладиот (ФОТО)

by
1 минути читање

Маурицио Покетино, кој речиси има и исто име со својот татко, денеска потпиша нов договор со Тотнем.

Договорот на 19-годишниот крилен играч истекуваше утре, но тој ќе остане во Тотнем и покрај тоа што татко му доби отказ во ноември.

Интересно, на потпишувањето на новиот договор на Покетино Џуниор беше и неговиот татко облечен во маичка на Тотнем.

Младиот Покетино се уште нема настап за првиот тим на Тотнем, тој е офанзивец што игра на крилните позиции а Мурињо во моментов на располагање ги има Сон, Бегвајн, Мура и Ламела.

Другиот син на Маурисио Покетино, Себастијано работеше како кондиционен тренер на првиот тим, но тој си замина кога неговиот татко доби отказ.

Останува да видиме дали и кога Мурињо ќе му даде шанса во првиот тим на Покетино Џуниор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×