Легендата на
„лалињата“ неодамна изјави дека можел да биде како Лео Меси и Кристијано Роналдо,
но сакал да ужива во животот па затоа не ги достигнал височините на
Аргентинецот и Португалецот.
Минатата недела
беше објавена автобиографска книга во која Весли Снајдер раскажа како славата и
парите по трансферот во Реал му удриле во глава, па во Мадрид живеел како рок
ѕвезда, а вотката му станала најдобар пријател.
Холанѓанецот
открива уште една епизода од лудиот ноќен живот, овој пат кога го носел дресот
на Интер.
„Јас и мојата
супруга еднаш се журкавме со Џорџ Клуни, Меган Фокс и некои други ѕвезди од
Холивуд. Забавата ја организираше Армани, се прибравме дома во 6 часот наутро.
Следниот ден јас постигнав гол и забележав асистенција против Вердер Бремен во
Лигата на шампиони. Кога видов дека можам да се пијанчам и да играм добро, не
ми беше страв да го повторам тоа!“ – раскажува Снајдер.
„Горд сум на
работите кои ги постигнав како фудбалер. Имам дури 134 настапи во дресот на
Холандија, а во исто време и си го проживеав животот. Чувствувам како да имам
76 години“.