Легендата Гути добро знае каква магија е петицата на Бензема па на свој начин му честиташе (ФОТО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид синоќа со 0-1 го совлада Еспањол, а потегот на вечерта го имаше Карим Бензема.
Напаѓачот реагираше генијално во последните мигови од првиот дел, и без да гледа со пета му
ја протна топката на противникот низ нозе и му асистираше на Касемиро за 0-1.

За гениалниот потег на
Французинот ќе се раскажува долго, а еден од првите кои му честитаа беше Хозе
Мариа Гутиерез. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид го стори тоа на свој начин
и потсети на неговата фамозна петица од 2010 против Депортиво.

„Бензема, каква
магија пријателе. Брутално“
– гласеше кратката порака на Гути на Твитер, а напаѓачот веднаш се заблагодари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×