По ремито против
Севиља, кога Барселона се уште беше прва на табелата но ја отвори вратата за
Реал Мадрид да го зграпчи врвот, Жерард Пике крена бело знаменце и изјави дека
титулата е загубена.
„Ќе биде многу
тешко да бидеме шампиони. Ќе сториме се што можеме, но титулата повеќе не е во
наши раце. Не верувам дека Реал Мадрид ќе загуби бодови, тешко дека ќе
киксираат. Од она што го видовме во последните два-три меча, како и распоредот
до крај, мали ни се шансите“ – рече Пике по мечот на „Рамон Санчез Посхуан“.
Барселона сега е
во уште понезавидна ситуација откако испушти два бода на гостувањето кај Селта
и прими гол во финишот за 2-2, па Реал има шанса да се одлепи на +2.
Но и покрај тоа дефанзивецот
на „каталонците“ реши да го промени мислењето.
„Запомнете една
работа, ние сме Барселона и ова се уште не е готово. Борба до самиот крај е дел
од нашата ДНК. Главате горе и во вторник ќе оставиме срце на терен“ – напиша Пике
на Твитер.
Во вторник, Барса
на Камп Ноу го пречекува Атлетико Мадрид.