Елмас асистент во победата на Наполи над СПАЛ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елмас беше еден од подобрите на теренот во победата на Наполи над СПАЛ. Резултатот беше отворен уште во четвртата минута со убав лоб погодок на Мертенс.

Во 29. минута СПАЛ преку Петања изедначи на 1-1, а седум минути подоцна Елмас најпрво убаво се избори за една топка, асистираше до Каљехон кој го врати водството на Наполи, овој пат од 2-1.

Пред крајот на првото полувреме Инсиње даде гол кој по прегледувањето на ВАР беше поништен поради офсајд.

На десетина минути до крајот Јунес со глава реализираше за конечни 3-1.

Несторовски во игра влезе во 82. минута од натпреварот и не успеа да му помогне на Удинезе да избегне пораз на свој терен од Аталанта, гостите победија со 3-2.

Болоња со 2-1 победи на гостувањето кај Сампдорија, најмногу голови имаше на мечот меѓу Сасуоло и Верона кој заврши 3-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×