Себаљос со гол во 91. минута го однесе Арсенал во полуфиналето од ФА Купот (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Шефилд прв постигна гол, но погодокот на Лундстром во осмата минута беше поништен поради офсајд со помош на ВАР.

Резултатот беше отворен во 25. минута кога Пепе постигна погодок од пенал за водство на Арсенал од 1-0.

Овој резултат беше актуелен долго време, дури во 87. минута по една мешаница Мекголдрик најдобро се снајде и го изедначи резултатот на 1-1.

Се чинеше дека и на овој меч ќе има продолженија, но не беше така, Себаљос постигна гол во 91. минута за победа на Арсенал од 2-1 и пласман во полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×