Алиоски го постигна вториот гол во победата над Фулам од 3-0, нашиот фудбалер и погодокот и тримфот по мечот ги прослави како да има вистински навивачи на трибините.
„Ние сме Лидс, игравме дома и ни недостасуваа фановите да не кренат, сега требаше сами да најдеме мотивација и успеавме во тоа. Убаво е да се видат сликите и кога ќе дадете гол сакате да прославите со фановите особено на Иланд Роуд, јас се обидов да го направам тоа. Можеби тие ме видоа на телевизија, јас ќе си правам слика како да се на стадионот и секогаш ќе прославиме со нив како да се тука со нас“, вели Алиоски.
„Што се однесува до мечот во првото полувреме имавме среќа што водевме бидејќи Фулам играше навистина добар фудбал. Но Биелса ни одржа добар говор на полувреме, не разбуди и работите се променија во вториот дел“.
„Имаме осум бода разлика од третото место, но се уште е рано за славење, има уште многу бодови во игра, одиме од натпревар во натпревар“.