255
Првиот меч како шампион Ливерпул ќе го игра на гостински терен кај најголемиот конкурент оваа сезона, Манчестер Сити. Ако имаше дилема дали ќе добијат шпалир од противникот, сега веќе нема, Пеп го потврди тоа.
„Се разбира дека ќе направиме шпалир во чест на шампионот“, вели Гвардиола.
„Ќе го пречекаме Ливерпул кога ќе дојде во нашиот дом, ќе го направиме тоа на неверојатен начин бидејќи тие го заслужуваат тоа“.