Суарез два пати носеше водство на Барса, но ни тоа не беше доволно за победа против Селта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барса поведе во 20. минута кога Меси асистираше од слободен удар, а Суарез реализираше со глава за предност од 1-0.

По пет минути игра во второто полувреме по една контра, Селта го изедначи резултатот преку Смолов.

Во 67. минута повторно истата комбинација за Барселона, Меси асистира, а Суарез носи ново водство, овој пат од 2-1.

Кога се чинеше дека Барселона ќе дојде до победата, Аспас во 88. минута погоди од слободен удар од странична позиција, Гризман не се постави најдобро во живиот ѕид.

Барселона сега е на првото место со бод повеќе од Реал Мадрид, но кралскиот клуб утре гостува кај последнопласираниот Еспањол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×