170
Стивен Џерард не успеа со Ливерпул да ја освои Премиерлигата иако многу ја посакуваше, црвените тоа го направија откако тој се пензионираше.
Џордан Хендерсон е човекот кој ќе биде запишан како капитен на Ливерпул кој по 30 години го крена шампионскиот пехар на Англија. Хендерсон од 2011 е во Ливерпул и со неговата лојалност, посветеност и однесување и тој прераснува во икона на клубот.
Стивен Џерард сподели емотивна фотографија како му ја предава капитенската лента на Хендерсон и напиша: „Не можев да ја дадам на подобра личност. Горд сум на тебе пријателе“.