Артур утре ќе игра за Барса, а во недела ќе има медицински тестови во Јуве?

by
1 минути читање

Барса утре од 17 часот гостува кај Селта, Сетиен во составот го викна и Артур Мело и вели дека реално тој да игра. Весникот близок до Јувентус, „Тутоспорт“ пишува дека Бразилецот за во недела има закажано медицински тестови во Торино.

„Во принцип, се уште сметам на него. Тој е играч кој ни е потребен. Ќе патува со нас и има можност да игра. Треба да ги отргне од мислите се друго што го опкружува и треба да влезе и да игра треба да го даде најдоброто од себе. Ова што се случува сега не е нормално и секој фудбалер кој ќе се најде во ваква ситуација треба да е свесен дека сезоната се уште не е завршена. Клубот не ми рече да го оставам“, вели тренерот Кике Сетиен.

Тој нема да може да смета на Бускетс кој е суспендиран и на Де Јонг кој е повреден, а Барселона е во мртва трка со Реал Мадрид за шампионската титула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×