Твитот на Робертсон од 2012: Животот на мои години е ѓубре… (ФОТО)

by
1 минути читање

Оваа генерација на Ливерпул на фановите им го донесе трофејот кој го чекаа 30 години, по толку долго тие повторно се шампиони на Англија. Еден од клучните играчи во составот е и бекот Енди Робертсон. Навивачите се потсетија на неговиот твит пред осум години.

Тогаш Робертсон на 18 годишна возраст ја почнуваше сениорската фудбалска кариера. Беше член на Квинс Парк, клуб кој тогаш играше во третата шкотска дивизија. Примањата на Енди биле речиси нула, а неговата ситуација го натерала да твитне еден твит кои фановите и денеска му го извадија.

„Животот на мои години е ѓубре без пари, потребна ми е работа“, напиша тогаш Енди Робертсон.

По една сезона помината во Квинс Парк, тој направи трансфер во Данди јунајтед, играше една сезона и за нив па беше купен од Хал за три милиони евра.

Робертсон одигра три сезони за Хал од кои две во Премиерлигата. Го привлече вниманието на Ливерпул кои го купија за помалку од десет милиони евра.

Денеска Робертсон со Ливерпул е шампион во Англија, и актуелен шампион на Европа и светот. Неговиот милионски договор со Ливерпул истекува во 2024 година. 

Пред осум години бараше работа, а сега е милионер кој ја освоил Лигата на шампионите и Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×