Парадоксално, Ливерпул постави рекорд и за најрана и за најдоцна освоена титула во Премиерлигата!

by
1 минути читање

По пауза од 30
години, „црвените“ се шампиони на Англија. Откако вечервa Манчестер Сити загуби
на гостувањето кај Челси, Ливерпул има недостижни +23 бода на врвот на
табелата.

Избраниците на
Јирген Клоп имаат неверојатна сезона во која испишаа неколку рекорди, а денеска
поставија два нови, кои се парадоксални.

Ливерпул стигна
најрано до титулата откако шампионскиот пехар го обезбеди на седум кола до
крајот, претходно рекордот го делеа Манчестер јунајтед (2000/01) и Манчестер
Сити (2017/18), кои станаа шампиони на пет кола до крајот.

Во исто време,
„црвените“ станаа тимот кој најдоцна ја освоил титулата од аспект на календарска
година, никој претходно не станал шампион кон крајот на јуни. Секако, ова е
поради пандемијата на коронавирус, која на три месеци го стопираше фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×