Познати се деталите од договорот на Педро со Рома

by
0 минути читање

Договорот на Педро со Челси му истекуваше на 30 јуни, тој потпиша продолжување на соработката со сините до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Рома.

Според „Скај Спорт Италија“, Педро со Рома ќе потпише двегодишен договор, со трајност до јуни 2022 година, во него ќе има опција за уште една дополнителна година.

Платата на Педро ќе изнесува 3,5 милиони евра по сезона.

Досега Педро играше само за два клуба, во Примера го носеше дресот на Барселона, во Премиерлигата на Челси, Рома ќе биде негово прво искуство во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×