Според пишувањата
на „Кориере Фиорентино“, Фиорентина наводно ја мониторира ситуацијата со
Маурицио Сари во Јувентус, а „Виолетовите“ се подготвени да му го понудат
тренерското столче на искусниот фудбалски стратег.
Весникот додава
дека постои голема неизвесност околу иднината на Џузепе Јакини на „Артемио
Франки“. додавајќи дека од клубот сериозно ја следат ситуацијата со Сари во
Јувентус, кој постојано е на мета на критики поради не така добрите изданија на „Старата
дама“.
И покрај фактот
што Сари има добри резултати во Серија А со Јувентус, клуб со кого е на прагот да
ја одбрани титулата, сепак изостана супериорната игра, а со самото тоа не успеа да ги убеди навивачите на клубот дека тој е
вистинскиот за таа позиција, најмногу добивајќи критики поради стилот на игра кој
го преферира.