Рамос го возврати ударот кон тие што велат дека ВАР е на страната на Реал: Први сме, нормално е да се крева врева!

by
1 минути читање

Голема врева се крена по мечот меѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид откако ВАР имаше одлуки во корист на лидерот. Најгласни беа обвинувањата од Барселона и каталонските медиуми.

„Целата таа врева е поради тоа што сме лидери, претходно кога не бевме никој ништо не зборуваше. ВАР може да ви помогне или да ве оштети, но мислам дека немало намерни одлуки. Муабетите се такви да се чини дека ние треба да им заблагодариме на судиите што сме први. Луѓето не треба да си прават филмови“, вели Рамос. 

Реал Мадрид и Барселона во моментов имаат ист број на бодови, кралскиот тим е прв поради подобар меѓусебен дуел.

„Има уште седум финалиња до крајот. Ова ќе биде единствена коронавирус лига и сакаме да ја освоиме за луѓето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×