„Нероаѕурите“ од Бергамо му направија голема услуга на Јувентус во трката за Скудетото, откако вечерва ја добија пресметката со Лацио и тоа со голем пресврт.
„Бјанкочелестите“ по само десет минути играа имаа предност од 0-2 откако Де Рон си постигна автогол, а Милинковиќ Савиќ испрати проектил од далечина.
Госенс пред крајот на првиот дел намали на 1-2, а Малиновски во 66. минута му одговори на СМС и од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо под пречката за 2-2.
Во 80. минута, Паломино скокна највиско по еден корнер и го заокружи кам-бекот на домаќините.
На вториот натпревар од 21:45 часот, Рома исто така со пресврт во вториот дел славеше против Сампдорија. Габијадини ги донесе гостите во предност, а во продолжението од мечот, Един Џеко со два гола донесе триумф од 2-1 и три бода за „волчицата“ во трката за топ четири пласман.