„Бруно Фернандеш имал постери од мене, постојано ме ангажирал на Фудбал Менаџер“

by
1 минути читање

Добрите познавачи
на фудбалот во Премиерлигата сигурно ќе се сетат на Стивен Ајрланд, своевремено
тинејџер кој на 18 години, поточно во 2005. година почна со регуларни настапи во сениорскиот состав на
Манчестер Сити, важеше за голема надеж.

Се чини дека за
големата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, Ајрланд бил голем идол,
како и пример по чии стапки сакал да оди во своите почетоци во младинската кариера, за
што сведочи и изјавата на Ирецот.

Според
поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, 25 годишниот Бруно имал постери од него, а редовно
го ангажирал во својот тим на популарната симулаторска игра „Фудбал Менаџер“.

Бруно ми рече
дека како дете, тој имал постери од мене
“ вели Ајрланд во изјавата за „Атлетик“.

Тој ми откри
дека кога играл Фудбал Менаџер постојано ме ангажирал во својот тим, ми беше
чудно, си реков „Си ме имал на постери? И, сериозно, си ме ангажирал на ФБ?“, Си
велев, колку чудно е тоа?
“ додаде Ајрланд.

Сега Фернандеш и
Ајрланд се чини дека се мошне добри пријатели, во текот на карантинот поради
пандемијата од коронавирусот, Ајрланд посочи дека двоецот си помагал меѓусебно
за да останат во форма тренирајќи заедно, но со социјална дистанца.

Кога сме веќе кај
Ајрланд, ќе додадеме дека повредите кои го следеа изминативе неколку години во
голема мера придонесоа да не го прикаже тоа што го знае и умее со фудбалската
топка, 33 годишниот Ирец е без настап веќе две години по испаѓањето на Стоук од
Премиерлигата, по што следеше трансфер во Болтон. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×