Фудбалерот од
средниот ред е во фокусот на вниманието откако во саботата направи инцидент на
дуелот со Брајтон кога по последниот свиреж на судијата за врат го фати Нил
Мопе.
Голгетерот на „галебите“
не сакаше да навлегува во детали и само рече дека некои играчи на „топчиите“
постојано провоцирале.
„Некои од
фудбалерите на Арсенал треба да научат што е тоа скромност. Многу зборуваа по
водството од 0-1. На крај добија тоа што заслужуваат“ – кратко порача Нил Мопе.
Извор добро
запознат со ситуацијата откри што се случувало на теренот и како Матео Гендузи
ги провоцирал и навредувал противниците.
„Им велеше на
играчите на Брајтон дека се обично ср*ње, и дека можат само да сонуваат за
парите кои тој и неговите соиграчи од Арсенал ги заработуваат“ – објасни изворот
за Дејли Мејл.
Ваквата ароганција
и недолично провоцирање сега може скапо да го чини младиот фудбалер, медиумите
од Англија шпекулираат дека Микел Артета е подготвен да го продаде Матео
Гендузи.
Наводно
Французинот имал и други испади на тренинзите, па тренерот на Арсенал нема
намера повеќе да го трпи.