За Меси не важат правилата, втор неспортски потег на Аргентинецот поминува неказнето (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентинецот пред
четири дена се спречка со Диего Карлос од Севиља и го турна противникот на
земја. Судиите тогаш останаа неми, а не се огласи ниту ВАР.

Лео Меси синоќа
имаше нов неспортски потег, на дуелот со Атлетик Билбао го нагазна Јeрај
Алварез. Двајцата тргнаа на една топка, гостинскиот дефанзивец прв стигна и
расчисти, а напаѓачот на Барселона нагазна на злобот на противникот.

Судијата Хил
Манзано не извади ниту жолт, а немаше реакција ниту од ВАР собата. На многумина
им е нејасно како Лео Меси помина без опомена, стартот заслужува барам жолт
картон, иако некој веруваат дека капитенот на „каталонците“ требал и да биде
исклучен.

„Стартот е
сигурно за жолт картон. Доколку Меси ја нагазнеше ногата со која Алварез интервенираше
ќе беше многу поопасно и тогаш веројатно ќе беше и црвен. Не знам зошто не беше
опоменат, прво туркањето против Севиља, сега ова нагазнување…“
– вели поранешниот
судија Итуралде Гонзалез за АС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×