Тотнем поведе против Вест Хем со автогол на Томас Соучек, но имаше спорен момент при падот на топката, од некои агли на повторената снимка се гледаше дека таа го удира Дејвисон Санчез по раката, но други агли покажуваа дека не е така. Ситуацијата беше сомнителна.
По прегледувањето на снимките, ВАР одлучи дека е гол, тоа го разбесни Дејвид Мојс кој се наоѓа под притисок за отказ поради слабите резултати на Вест Хем.
„Не ми се верува дека досудија тоа да е гол. Правилата велат дека скоја игра со рака која влијае на гол треба да се досуди. Нас ни беше поништен гол против Шефилд јунајтед, а сега овој го дозволија. Кој беше во ВАР собата денес? Тоа е правилото. Не ми се верува, не ми се верува“, вели нервозниот Мојс.