192
„Каталонците“ со
уште една нова бледа партија, избраниците на Сетиен добро се намачија против
Атлетик Билбао, но барем ги освоија трите бода.
Гостите се
покажаа како тврд орев, долго време одолеваа и отпорот беше скршен дури во 71. минута.
Еден неуспешен обид за дриблинг на Лео Меси стана перфектна асистенција за Иван
Ракитиќ, кој прецизно биеше за 1-0. За Хрватот, ова беше прв гол оваа сезона во
Ла Лига.