Тотнем освои три големи бода во борбата по четвртото место на табелата, иако до нив стигна потешко од очекувањато.
Првата шанса ја имаше Лукас во 22. минута но неговиот добар удар кој одеше под пречката го одбрани голманот на Вест Хем со фантастична интервенција.
Во судиското продолжение од првиот дел Сон постигна гол, но ВАР му го поништи поради мал офсајд.
Во вториот дел тимот на Мурињо тргна уште поодлучно кон голот на Вест Хем, а тоа вроди со плод во 64. минута кога несречниот Соучек си постигна автогол за водство на Тотнем од 1-0.
Мечот беше решен во 82. минута кога по една контра Хари Кејн реализираше за конечни 2-0. Напаѓачот кој долго време беше отсутен поради повреда им се врати на погодоците.
Ова беше негов 137 гол во 200 настапи за Тотнем, повеќе од него во 200 настапи има постигнато само Серхио Агуеро (138).
Со овие три бода Тотнем се искачи на седмата позиција, од која може да го симне Шефилд но тие играат тежок дуел против Манчестер јунајтед на Олд Трафорд.