По
триумфот во Купот на Италија, Наполи вечерва победи и на ре-стартот од Серија А, избраниците на Џенаро Гатузо славеа со 0-2 на гостувањето кај Верона.
Резултатот беше
отворен во 38. минута. По еден корнер, домаќините заборавија на Милик, кој со
глава биеше за 0-1.
По еден час игра,
Верона изедначи на 1-1, но голот беше поништен со ВАР поради играње со рака на
Фараони. Фудбалерот на домаќините немаше никаква намера, но новите правила се
строги и секој допир со рака во напад се санционира.
Трите бода беа
осигурани во последните мигови и тоа одново од корнер. Лозано најдобро се
снајде на втората статива и ја смести топката во мрежата.
Нашиот Елиф Елмас
денеска не доби шанса, и мечот го помина на клупата за резерви.
На вториот
натпревар од 19:30 часот, Каљари победи по пауза од шест месеци, Џовани Симеоне
донесе радост против СПАЛ во 93. минута.