За трампата
Пјаниќ-Артур се шпекулира со месеци, се чинеше дека зделката нема да се
реализира откако Бразилецот одби да се пресели во Јувентус, но во последните
неколку дена ситуацијата се промени.
„Бјанконерите“ на
Артур Мело му понудиле плата од 5 милиони евра по сезона, два ипол пати повеќе
од она што го заработува на Камп Ноу, па тој сега е отворен за идејата да го
облече дресот на шампионот на Италија.
Вечерва, Скај
Спортс пренесе дека паднал договор помеѓу Барселона и Јувентус, односно
„старата дама“ се сложила да плати 80 милиони евра за Бразилецот. Медиумот од
Англија додава дека Маурицио Сари сака средниот ред и играта да ја гради околу
Артур Мело и инсистира на негов ангажман, но играчот се уште не е убеден.
Што се однесува
до Миралем Пјаниќ, Јувентус бара 70 милиони евра за услугите на Босанецот, но
Барселона смета дека тој не вреди толку многу, односно само 10 милиони евра
помалку од Артур Мело.