Најголемиот дел
од тимовите се мачат на ре-стартот од сезоната, но тоа не важи и за Манчестер
Сити, „граѓаните“ најпрво со 3-0 го совладаа Арсенал, а потоа со убедливи 5-0
славеа над Барнли.
Сепак, тешко за
верување е дека избраниците на Пеп Гвардиола можат да направат чудо до крајот
на сезоната со оглед на тоа дека имаат заостанување од 20 бода во однос на лидерот
Ливерпул.
„Синоќа го гледав
натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Барнли и се чудев како е можно некој да има
20 бода предност во однос на овој тим? Тоа е прилично незамисливо. Па изгледа
ние сме направиле нешто навистина добро“ – вели Јирген Клоп.
„Не мислам на тоа
дали Манчестер Сити може да не стигне, во фокусот ми е само Кристал Палас. Ако
сега извадите наслов, „Сити не може да не стигне“, тоа ќе биде чисто ср*ње,
бидејќи не го кажувам тоа. Едноставно ме интересира само нашата игра и нашите
резултати“.
„Го гледав
натпреварот на Манчестер Сити бидејќи за девет дена играме против нив, а не
поради тоа дека сакав или се надевав дека ќе изгубат бодови. Можеби беше така
кога играа против Лестер минатата сезона, но тогаш ништо не испадна, па престанав да
го правам тоа!“
„Имам голема
почит за нив, ми изгледа дека ќе победат на сите мечеви до крајот бидејќи делуваат
многу силно. Но и ние не сме лоши“.