Во секое лошо има добро: Инсиње му купи нов скутер на момчето кое беше ограбено за време на прoславата на Наполи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Минатата среда,
Наполи го совлада Јувентус на пенали во финалето на Купот на Италија и го освои
првиот трофеј по сезоната 2014/15. И покрај тоа што на сила се мерки за социјална
дистанца поради пандемијата на коронавирус, неколку илјади луѓе излегоа на
улица да ги пречекаат своите херои и да ја прослават титулата.

Камерите исто
така уловија и луди сцени, едно младо момче остана без својот скутер од
насилници кои го турнаа и му вперија пиштол за време на прославата.

На социјалните
мрежи брзо беше споделен идентитетот на момчето, се работи за исвесен Салваторе
кој го користел скутерот за работа како доставувач на храна за сервисот „Убер
итс“.

Целата приказна
стигнала до капитенот Лоренцо Инсиње, кој решил да ја исправи неправдата и да
му подари нов скутер.

„Здраво Лоренцо,
јас сум Салваторе. Го добив твојот убав подарок. Ти благодарам многу. Напред Наполи“

 – со кратка видео порака навивачот му се
заблагодари на Инсиње.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×