3,9K
Јувентус ги прокнижи очекуваните три бода од гостувањето кај Болоња, тимот на Сари ја чува лидерската позиција во Серија А.
По дваесетина минути игра Јувентус доби пенал, Роналдо биеше сигурно од белата точка за водство од 1-0.
Во 36. минута вистинска убавица, Бернардески со пета го проигра Дибала кој даде прекрасен гол за водство од 2-0 кое се покажа и како конечен резултат
Во вториот дел Јуве ја контролираше играта, создаде уште неколку шанси но не постигна трет гол, Болоња максимално се бореше но не успеа да направи нешто повеќе.