Манчестер Сити со „петарда“ за Барнли (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити
славеше убедлива победа од 5-0 на домашен терен против Барнли, а убедливата
победа домаќините ја најавија уште во првиот дел од мечот каде водеа со 3-0.

Фоден најпрво
погоди во 22. минута за 1-0, за веќе во 43. минута Марез да зголеми на 2-0,
истиот играч од пенал во самиот финиш на првото полувреме зголеми и на 3-0.

По само шест минути
игра во второто полувреме, Давид Силва зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги
постави Фоден со голот во 63. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×