Италијанскиот
весник „Ла Република“ извести дека Јувентус и Барселона веќе ја договориле
трампата во која инволвирани се Миралем Пјаниќ и Артур Мело.
Обете страни
извесен период се во преговори за оваа трампа, а сега дел од италијанските и
шпанските медиуми сугестираат на тоа дека Пјаниќ веќе се договорил околу
условите со Барселона, за Артур се шпекулираше дека е одлучен во намерата да
остане во дресот на Каталонците.
Како и да е,
спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ги потврди преговорите помеѓу
обата клуба за трампата со Артур и Пјаниќ, меѓутоа додаде дека треба и самите
фудбалери да се убедат во преговорите.
„Ние разговаравме
со Барселона, но периодов сите екипи имаат важни натпревари, така ние
префериравме да го заобиколиме овој период“ вели Паратичи во изјавата за „Скај
Спорт Италија“, додавајќи дека периодот до 30. јуни кој се споменува низ
медиумите како краен рок не игра улога.
„Не се работи за
30. јуни, пред или после тоа, туку за пронаоѓање решение и договор помеѓу обете
страни, исто така и обата фудбалери треба да се убедат, така не станува никаков
проблем околу датумот“ заклучи Паратичи.
Веројатно е дека останува отворено прашањето околу Артур, од причина што за Бразилецот се шпекулира дека посакува да остане во Барселона, па Јувентус ќе мора да вложи повеќе напори во преговорите со фудбалерот.