„Агентот“ Рудигер за преговорите со Вернер: Го сторив тоа што требаше да го сторам

by
1 минути читање

Јавноста многу
добро увиде дека Антонио Рудигер се обидуваше да го убеди својот сонародник
Тимо Вернер да потпише за Челси, а најавуваниот трансфер кој извесен период се
шпекулираше низ повеќе медиуми, конечно се оствари.

Челси го потврди
трансферот на германскиот напаѓач кој доаѓа од редовите на Лајпциг за сума од
47,5 милиони фунти, ќе им се приклучи на „Сините“ од Лондон веднаш по крајот на
актуелната сезона, а Рудигер оди до таму што го спореди Вернер со напаѓачот на
Лестер, Џејми Варди.

Јас постојано
бев во контакт со него бидејќи ние двајцата добро се познаваме подолг период,
постојано разговаравме во текот на сиот овој период пред самиот трансфер, тој
ми посочи дека е заинтересиран за трансфер во Англија, а јас го сторив она што
веројатно е нормално да се стори
“ вели Рудигер.

Како и сите
други, исто и јас сум возбуден поради фактот што Вернер го одбра Челси, едвај
чекам да соработуваме, го познавам уште од 17 години, имаше голем развој како
фудбалер изминативе неколку години, може да игра голема улога во нашиот тим

додава Рудигер.

Од Вернер
несомнено многу ќе се очекува штом го облече дресот на Челси, во дресот на
Лајпциг пак, постигна 32 погодоци на 44 меча оваа сезона, или генерално гледано
вкупно 93 погодоци на 158 одиграни меча за Бундеслигашот.

Тој е навистина
голема опасност за дефанзивците, сите знаеме дека првично тактиката на Лајпциг
се состои од контра напади, тој е мошне сличен со Варди, енергичен е, доколку
дефанзивец направи грешка и ја загуби топката, тој мошне добро умее да ја искористи
таа ситуација
“ заклучи Рудигер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×