Милан со убедлива победа на гостувањето кај Лече (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Составот на Милан
славеше убедлива победа на гостински терен кај Лече со 1-4, а со тоа „Росонерите“
дојдоа до 11. победа сезонава по 27 одиграни натпревари во Серија А, за Лече
преостанува грчевита битка за опстанок во елитното друштво.

Кастилјехо во 26.
минута го отвори мечот на резултатски план во корист на Милан во 26. минута, а
со таа предност гостите заминаа на паузата.

Во второто
полувреме Лече со голот на Манкосу од пенал во 54. минута израмнија на 1-1,
меѓутоа потоа следеше канонада на голот на домаќините.

Најпрво
Бонавентура во 55. минута повторно ги врати гостите во водство, овој пат за
1-2, за веќе две минути подоцна Ребиќ да зголеми и на 1-3, а конечните 1-4 ги
постави Леао со голот во 72. минута од пресметката.

Во ист термин се
играше и дуелот помеѓу Фиорентина и Бреша кој заврши со поделба на бодовите,
односно 1-1, Донарума во 17. минута ги доведе гостите во почетно водство, за во
29. минута Пецела да ги постави конечните 1-1. Домаќините 20 минути играа со двајца играчи помалку откако поцрвенеа Касерес и Јакини.

Со почеток од
21,45 часот се игра и последниот, трет натпревар во денешната програма во рамките
на 27. коло, каде Болоња на домашен терен го пречекува лидерот Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×