Барселона под итно бара купец за Кутињо, но никој не го сака Бразилецот ниту за половина цена

by
1 минути читање

Филипе Кутињо во јануари 2018 се пресели на Камп Ноу во зделка вредна 120
милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во бонуси, од кои 15 веќе се исплатени.

Бразилецот сепак не се снајде во дресот на „каталонците“, па минатото лето
беше испратен на позајмица во Баерн Минхен. Плејмејкерот не блесна ниту на
„Алианц Арена“ па „баварците“ решија да не ја активираат опцијата во целост да
го купат за 120 милиони евра.

Тој нема иднина на Камп Ноу, со месеци се бара купец, идејата е Филипе Кутињо да
биде продаден до крајот на јуни за да се балансираат сметките, но никој не
го сака Бразилецот.

Според пишувањата на Спорт, Барселона го продава своето рекордно засилување на
половина цена, односно бара 70 милиони евра, но ниту еден клуб не загризува.
Оние кои се заинтересирани (Челси, Тотнем и Њукасл), преферираат да го добијат
на позајмица.

Проблем преставува и високата плата на Филипе Кутињо, особено сега во време
на коронавирус криза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×