Јувентус одвојува 30 милиони евра за тренери а играчите се тие кои одлучуваат кој каде да игра

by
1 минути читање

„Старата дама“ не
блескаше на ре-стартот од сезоната, против Милан одигра 0-0 и покрај тоа што
долго време имаше играч повеќе, а потоа се прикажа во бледо издание и против
Наполи и загуби на пенали во Купот на Италија.

Многумина прстот
го вперија кон Маурицио Сари, тренерот пак се правдаше дека главната ѕвезда, Кристијано
Роналдо не бил во посакувана форма по паузата. Но особено зачудува
објаснувањето зошто ЦР7 играл во врвот на нападот против Милан, а потоа против
Наполи оваа улога ја доби Пауло Дибала.

„Разговарав со
Кристијано пред дуелот со Милан, разговаравме и пред финалето, а разговарав
уште еднаш и во саботата. Роналдо има постигнато 700 погодоци, но играјќи по
крилните позиции и јасно е дека ја преферира таа позиција. Мислам дека тоа е
сосема нормално. Против Милан, го користевме тоа решение (Роналдо во врвот на
нападот), но за финалето од Купот на Италија ги повикав тројцата фудбалери, им
кажав што треба да прават на теренот и анализиравме. Тие на крајот одлучија Дибала
да игра во врвот на нападот. Мислам дека е нормално да има одредена кофротација
пред важен натпревар“
– вели Сари.

Парадоксално, Јувентус оваа сезона одвојува 30 милиони евра за тренери,
толку чинат бруто платите на Мурицио Сари и Макс Алегри, кој се уште е под
договор, за на крајот играчите да се тие кои одлучуваат кој каде да игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×