246
Со головите на Хоилет и Глацел, Кардиф со 2-0 го победи Лидс.
Алиоски од клупата го почна натпреварот, во игра влезе во 62. минута при негатива од еден гол, но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз.
По овој неуспех Лидс падна на втората позиција но има ист број бодови (71) како и Вест Бромвич кој има подобра гол разлика. Трет е Фулам (64) со седум бода помалку од водечкото дуо.
До крајот на сезоната во Чемпионшип има уште осум кола, првите две екипи директно се пласираат во Премиерлигата. Екипите од трето до шесто место играат плејоф.