Се очекува во
скоро време Вирџил ван Дајк да стави потпис на нов договор според кој ќе добива
неделна плата од 220.000 фунти. Понуда за нов договор има и за Садио Мане, но
Сенегаленцот нема одговорено на предлогот на Ливерпул.
Како што пишува
Сан, „црвените“ уште во октомври минатата година стапиле во контакт со агентите
на фудбалерот за продолжување на соработката, и на маса ставиле сличен договор
како оној што го доби Вирџил ван Дајк,
Сепак, иако се поминати веќе девет месеци, Садио Мане не дава никакви сигнали дали ќе остане верен.
Поради ваквиот
развој на настаните, во Ливерпул стравуваат дека Сенегалецот чека понуди од
Реал Мадрид и ПСЖ и летоска може да замине.
Сан додава дека
Јирген Клоп не сака да остане без напаѓачот, но доколку „црвените“ бидат
принудени да се разделат, за неговите услуги ќе бараат 150 милиони фунти.