Брајтон го изненади
Арсенал со 2-1, Нил Мопе во 95. минута ја затресе мрежата на „топчиите“ и
донесе пресврт откако гостите на средината од второто полувреме поведоа со 0-1
со погодокот на Пепе.
Натпреварот имаше
тензична завршница откако Гендузи го фати за врат Мопе и го турна на земја, па
настана мала мешаница. Гостите беа разочарани од поразот но и од стартот на
Мопе во првиот дел по кој тешка повреда заработи Бернд Лено.
Во разговор со БТ
Спорт, Нил Мопе вели дека немал намера да го повреди голманот на Арсенал,
обвини дека ѕвездите на „топчиите“ треба да на научат што е тоа скромност и порача
дека гостите на крај си добиле тоа што заслужиле.
„На полувремето
разговарав со Артета и се извинив бидејќи немав намера да го повредам нивниот
голман. Скокнав во обид да стигнам до топката, и кога тој падна, го повреди
коленото. Па му се извинив на Лено и неговиот тим. И јас самиот имав серозна повреда, знам колку е тешко… никогаш немав намера да го повредам“ – вели напаѓачот.
„Некои од
фудбалерите на Арсенал треба да научат што е тоа скромност. Многу зборуваа по
водството од 0-1. На крај добија тоа што заслужуваат“.