619
Еспањол кој води жестока битка за опстанок загуби на свој терен од Леванте, а големи заслуги за победата на гостите има Енис Барди.
Леванте поведе со гол на Мајорал уште во 14. минута, но во 28. минута Еспањол преку Лопез го изедначи резултатот на 1-1.
Во 67. минута Барди се обиде да асистира, но топката му се врати нему па тој си направи позиција за шут, биеше и постигна гол за водство на Леванте од 2-1.
На три минути до крајот Педроса си постигна автогол за конечен резултат 1-3.